ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

 

 

1. ОПШТО

Туристичката агенција Нова Травел-МС ДОО Струмица, правото на заштитата на приватноста и личните податоци на своите клиенти го применува сериозно и одговорно, а при тоа ги презема и сите потребни технички и организациски мерки за спречување на неовластено користење на податоците на посетителите и корисниците.
 

Политиката за приватност појаснува како ние (во понатамошниот текст некаде "Нова Травел-МС"), ги третираме податоците од Вас и Вашата посета на https://www.novatravel.mk (во понатамошниот текст - наша “веб страна” или “веб сајт”), со цел да ја обезбедиме нашата услуга до Вас, како посетители и корисници.

Попрецизно, оваа политика за приватност дава објаснување како ние ги собираме, користиме, обработуваме и случаи во кои може да ги откриеме личните податоци, a во врска со Вашето користење на услугите.

 

2. ДИРЕКТНО ДОСТАВЕНИ ПОДАТОЦИ

Поголемиот дел од податоците кои ги собираме, Вие ни ги давате директно и доброволно, како посетител на https://novatravel.mk, со регистрација за добивање на нашите најнови понуди и/или со регистрирација како корисник/купувач на нашите аранжмански услуги преку веб страната https://www.novatravel.mk.

Најчесто се бара да бидат внесени следните информации: име и презиме, датуми на раѓање, е-пошта, адреса на живеење, телефонски број и сл., но https://novatravel.mk нема пристап до вашите осетливи податоци, како платежна картичка и/или број на банкарска сметка. Вашата интернет трансакција за која е неопходно да се внесат доверливите картични информации ќе биде процесирана исклучиво преку порталот за наплата на НЛБ Банка кој функционира согласно 3D Secure безбедносниот принцип развиен од страна на меѓународните платежни системи Visa International и МasterCard Worldwide. Во моментот на реализацијата на плаќањето со платежни картички, корисникот (купувач) се пренасочува на заштитена web страна на Банката на која ги внесува доверливите податоци од платежната картичка потребни за реализација на плаќањето, додека Нова Травел--МС ДОО Струмица како трговец во чија сопственост е оваа веб страна во ниту еден момент не располага со истите.

 

3. АВТОМАТСКИ СОБРАНИ ПОДАТОЦИ

Дополнително, кога ја посетувате нашата веб страна или резервирате услуга преку https://novatravel.mk, нашите сервери автоматски (преку колачињата) ја регистрираат Вашата посета и собираат одредени технички податоци и информации и тогаш кога вие активно не ги доставувате. Податоците не вклучуваат Ваша содржина и не се генерирани лично од вас, туку истите се поврзани со Вашиот компјутер кога го посетувате веб-сајтот, вклучително, но не ограничувајќи се на видот на прелистувач кој го користите, оперативниот систем, веб-сајтот од кој сте дошле, Вашата интернет протокол (“IP”) адреса. Колачињата Ви овозможуваат исправно и оптимално користење на веб страната. Пповеќе информации за колачињата има во точјка 6. подолу.

 

4. НАМЕНА НА СОБРАНИ ПОДАТОЦИ

Било кој податок, даден од ваша страна може да биде искористен на еден од следниве начини:

» да се осигураме дека содржините се прикажани на најефикасен начин за Вас и Вашиот компјутер и да го прилагодиме сајтот на Вашите потреби;
» да ги исполнуваме и управуваме со сите евентуални обврски кои настануваат на основ на било која спогодба заклучена измеѓу Вас како корисник и Нова Травел;
» да Ви овозможиме да учествувате во интерактивните функции на веб страната;
» да Ве контактираме и известуваме за измените на сајтот или услугите кои ги нудиме (освен ако не сте нагласиле дека тоа не го посакувате);
» да анализираме како корисниците го користат нашиот сајт за интерните потреби во областа на маркетинг и истражување;
» да Ви овозможиме пристап до веб продавницата преку која се процесира вашата нарачка – резервација на услуги.
Вашите податоци нема да ги препродаваме на трети лица, нути да ги користиме за маркетинг за корист на трети лица;

 

5. ЧУВАЊЕ / СПОДЕЛУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИ

Ние имплементираме различни безбедносни мерки за одржување на безбедноста на вашите лични податоци, кога нарачувате или внесувате, поднесувате или пристапувате кон вашите лични податоци. https://www.novatravel.mk поседува валидна "Secure Socket Layer" лиценца, или скратено "SSL", со која внесот и обезбедувањето на Вашите податоци на нашите сервери е безбедно енкриптиран.

Дополнително, евентуален внес на доверливи податоци за платежна картичка на купувачот за време на онлајн резервација се трансмитираат преку 128 битна SSL технологија и потоа се енкриптираат исклучиво во базата на податоци на провајдерот на платежниот систем (банката).

 

Ниту еден податок кој го доставите преку сајтот нема да го отркиеме на трети лица освен во следните случаи:

» како дел од нашите постапки за резервирање и реализација на купената услуга побарана од Ваша страна, основни податоци мора да се даваат на трето лице кое учествува во реализација на услугите;
» ако сме должни да откриеме или да ги споделиме Вашите лични податоци за да ја исполниме својата законска обврска (на пр. ако за тоа добиеме судски налог или за потребите за спречување на измама или други криминални активности)
» можеме да ги споделиме Вашите лични податоци со трети лици во склоп на продажба на еден дел или целата компанија и имотот на било кое трето лице или во склоп на било какво реконструирање или реорганизација, но при тоа ќе ги превземеме сите чекори за да обезбедиме дека Вашите права на приватност и понатаму ќе бидат заштитени;
» за заштита на правата, имотот или безбедноста на компанијата Нова Травел-МС ДОО Струмица, корисникот на сајтот, или било кое трето лице. Тоа вклучува размена на податоци со други компании и организации со цел заштита од измама.
Покрај се претходно наведено, нема да откриваме никакви лични податоци освен ако Вие за тоа не ни дадете дозвола.

 

Согласно член 27 став 2 точка 8 и член 31 од Законот за заштита на лични податоци изјавуваме дека интернет страната https://www.novatravel.mk е хостирана во ЕУ.

Како дел од услугите понудени преку сајтот, податоците кои ни ги давате може да се пренесуваат и чуваат во земјите надвор од Европската унија - на пример, во случај кога некој од нашите сервери од време на време се наоѓа во земја надвор од Европската Унија или некој од нашите добавувачи на услуги доаѓа надвор од ЕУ. Освен тоа, податоците можеме да ги размениме со други еквивалентни национални тела, кои се наоѓаат во земјите ширум светот. Може да се случи тие земји да немаат слични закони за заштита на податоци како во Република Северна Македонија. Ако на таков начин ги пренесеме вашите податоци надвор од Европската Унија, ќе ги превземеме сите чекори да ги обезбедиме Вашите права на приватност.

Доколку го користите сајтот надвор од Европа, вашите податоци може да се пренесуваат и надвор од Европа - како би можеле да Ви ги понудиме услугите.

Кога ни ги доставувате личните податоци, согласни сте со тоа да истите можат да се пренесуваат или обработуваат надвор од Европа на горе-опишаниот начин.

 

6. КОРИСТИМЕ КОЛАЧИЊА ("Cookies")

“Cookie" или “колаче“ е текстуална датотека која ја создава интернет страницата и која се поставува на Вашиот компјутер и содржи информации за Вашите активности на интернет. Информациите во колачињата не содржат податоци за лична идентификација кои ги доставувате до нашиот сајт и истите не ги компромитираат.

 

Колачњата се користат за да го следат движењето на корисникот низ веб страната, што овозможува оптимално корисничко искуство. Колачето ви помага да го искористите сајтот на најдобриот начин, а нам ни помага да ви ја понудиме прилагодената услуга. Се користат два типа на колачиња - еднократни (сесиски) и трајни. Еднократните овозможуваат ефикасна функционалност на https://www.novatravel.mk и автоматски се бришат кога корисникот ќе ја напушти страницата. Постојаните колачиња се зачувуваат подолго во датотеката за колачиња на користениот интернет пребарувач и помагаат страната да ве препознае како постоечки корисник и со да ја оптимизира Вашата навигација низ истата.

 

Повеќето интернет пребарувачи автоматски прифаќаат колачиња. Во зависност од видот на колачињата, тие можат да се складираат подолго или пократко време на Вашиот уред. По некое време, тие автоматски се бришат. Корисниците може рачно да ги избришат колачињата или целосно да ја оневозможат нивната употреба. Водичот за оневозможување на колачиња се наоѓа под опцијата "help" или напредни подесувања на вашиот интернет пребарувач. Во случај да ги оневозможите колачињата, некои сајтови нема да функционираат како што треба.

 

Да ги користиме колачињата, потребна ни е Ваша согласност. На почетната страница на интернет сајтот се наоѓа јасно известување за колачиња. Доколку продолжите да го користите сајтот откога сте го виделе тоа известување, заклучуваме дека се согласувате да ги користиме горе-опишаните колачиња.

Ако одличите да не ги прифатите колачињата, тоа нема да влијае на Вашиот пристап до повеќето информации кои постојат на https://novatravel.mk. Меѓутоа, некои услуги или функционалности може да не да бидат во потполност достапни или функционални.

 

7. ПРИСТАП ДО ПОДАТОЦИ И НИВНА ИЗМЕНА

Ги превземаме сите за нас расположливи методи за заштита на Вашите податоци од губење, уништување и неовластен пристап, објавување или неовластено навлегување. Превземаме разумни мерки за да се овозможи соодветно и навремено ажурирање на поатоците.И покрај овие мерки, не постои безбедносна мерка што гарантира комплетна (100%) сигурност во текот на целиот период.

 

Нова Травел-МС при евентуалното ваше писмено барање, ќе ви овозможи личен увид во сите ваши лични податоци со кои располага (име, адреса и сл.). А доколку посакате вашите податоци да бидат корегирани или избришани (во рамки на законските овластувања), или пак доколку имате било какви прашања или предлози за заштита на вашите лични податоци, воедно ќе можете да не контактирате лично или преку нашата емеил адреса..

 

Доколку користите лозинка, корисничко име или други посебни пристапни податоци на нашата веб страна, одговорни сте и за превземање на разумни чекори за нивна заштита.

 

8. НАДВОРЕШНИ ЛИНКОВИ

Повремено, по наша одлука, на оваа веб страна може да бидат вклучени информации, референци, производи и услуги од надворешни субјекти со чии веб страници не управуваме ние. Нашата политика за заштита на приватноста и податоците за личноста не важи и за овие сајтови. Од таму, ние не сме одговорни за содржината и активностите на овие веб страни, како и за нивните политики и пракси за заштита на приватноста.

 

9. МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА

Родителите и старателите имаат обврска да ги информираат своите малолетни деца за безбедно и одговорно ракување со личните податоци. Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели.

 

10. ИЗМЕНИ ВО ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Нашата Политика за приватност може повремено да се менува, без претходно известување. Во случај да дојде до било какви измени во нашата политика за заштита на приватноста, истите ќе бидат објавени на оваа страна. Вашето користење на веб страната подразбира дека ги прифаќате евентуалните измени на Политика за приватност.

 

11. СОГЛАСНОСТ 

Со користењето на нашата веб страна https://www.novatravel.mk, Вие се согласувате со оваа политика за приватност.

 

 

Политика за овозможување услуги

ДПТУ НОВА ТРАВЕЛ-МС овозможува услуги според Општите услови на патување.
https://novatravel.mk/page/id/3

Политика на поврат на средства

ДПТУ НОВА ТРАВЕЛ-МС се обврзува на корисникот средствата да му ги врати во целост во случај да не биде во можност да му ја изврши услугата

NLB 3D Secure VISA Mastercard Maestro American Express

Страница кон безбедно плаќање геренирана од банка (кликнете овде).

 

Условите се опфатени во неколку точки и тоа :

  1. СОДРЖИНА НА АРАНЖМАНОТ
  2. ПРИЈАВА – ДОГОВОР И УПЛАТА
  3. ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ
  4. КАТЕГОРИЗАЦИЈА И ОПИС НА УСЛУГИТЕ
  5. ПРАВО НА ОРГАНИЗАТОРОТ ЗА ИЗМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА И ОТКАЗ НА АРАНЖМАНОТ
  6. ПРАВО НА ПАТНИКОТ ЗА ОТКАЖУВАЊЕ ОД ПАТУВАЊЕТО
  7. ОБВРСКИ И ПРАВА НА ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО
  8. ОБВРСКИ И ПРАВА НА ПАТНИКОТ
  9. ПРЕВОЗ
  10. БАГАЖ
  11. СМЕСТУВАЊЕ ВО СОБИ И АПАРТМАНИ
  12. РЕШАВАЊЕ НА ПРИГОВОРИ
  13. НАДЛЕЖНОСТ НА СУДОТ

Детален преглен на условите:

1. СОДРЖИНА НА АРАНЖМАНОТ

Организаторот на патувањето гарантира реализација на аранжманот според описот во програмата. Содржината на аранжманот ќе се оствари во потполност и на опишаниот начин, освен во случај на влијание на "виша сила", која не можела да се предвиди (војна, терористички акции, штрајк, елементарни непогоди, сообраќајни и технички проблеми во превозот, или слично).

2. ПРИЈАВА - ДОГОВОР И УПЛАТА

Пријава-договор за патување се прави до пополнување на местата, со уплата на аконтација на цената назначена на секоја поединечна програма. Пријави можат да се извршат во директно во агенцијата. При пријавувањето купувачот уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата од службата за резервации, и тоа најдоцна до 10 дена пред реализацијата на аранжманот. Доколку патникот до тој рок не изврши доплата на аранжманот, организаторот ќе смета дека патникот се откажува од аранжманот и ќе ги наплати тршоците за отказ на аранжманот согласно условите од Член.6 "Откажување од патувањето"од страна на патникот. При пријавувањето, патникот потпишува пријава-договор со изјава - Изјавувам дека сум запознат со програмата и со Општите услови на патување, и дека во целост ги прифаќам! со што Општите услови на патување, стануваат правна обврска за организаторот и за патникот.

3. ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ

Цените за сите патувања се објавени во Денари или во Евра со обврска за плаќање во денарска противвредност според пазарниот курс - објавен од страна на организаторот. Секое барање за дополнителни услуги подразбира додатни плаќања. Организаторот го задржува правото на промена на цената на аранжманот во случај на промена на цените на хотелските, превозните и други услуги, како и во случај на промена на девизните курсеви на пазарот. За зголемување на цената до 10% не е потребна согласност на купувачот (се пресметува на остатокот од уплатата). При зголемување поголемо од 10%, купувачот има право да го раскине договорот без обврска да ја надокнади штетата произлезена од отказот.

4. КАТЕГОРИЗАЦИЈА И ОПИС НА УСЛУГИТЕ

Понудените хотели и апартмани се опишани според официјалнатакатегоризација во време на издавањето на каталогот. Квалитетот на услугите го стандардизираат локалните туристички власти. Стандардитена сместување и услуги се различни по дестинации и не се споредуваат. Организаторот не превзема одговорност за било каква друга усмена или писмена информација, која не е во согласност со описот на услугите во понудената програма.

5. ПРАВО НА ОРГАНИЗАТОРОТ ЗА ИЗМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА И ОТКАЗ НА АРАНЖМАНОТ

Организаторот има право да ја измени програмата (во времетраењето или содржината) во случај на виша сила или вонредни околности кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани. Учесникот на патувањето има право на рефундација на износот за нереализираните услуги. Во ретки случаи кога нема можност за сместување во резервираниот објект, поради технички причини или "over booking" од страна на хотелиерот, организаторот ќе го смести патникот според можностите во дадениот момент, во објект од истакатегорија или од повисока категорија, без надомест. Организаторот го задржува правото да го одложи или откаже аранжманот во случај на недоволен број на пријавени патници од предвидениот минимум за одреден аранжман. Организаторот е должен да ги извести сите купувачи за отказот најмалку 5 дена пред почетокот на реализацијата на аранжманот и да им ги врати во целост уплатените средства најдоцна во рок од 8 дена од денот на откажувањето.

6. ПРАВО НА ПАТНИКОТ ЗА ОТКАЖУВАЊЕ ОД ПАТУВАЊЕТО

Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот), според следната скала:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се наплатува 5%
  • за отказ од 29 до 22 дена пред патувањето 15%
  • за отказ од 21 до 15 дена пред патувањето 25%
  • за отказ од 14 до 08 дена пред патувањето 50%
  • за отказ од 07 до 01 дена пред патувањето 90%
  • ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%.
  • Во случај на отказ на веќе потврдена "резервација на барање", организаторот ќе наплати отказни трошоци во висина на уплатената аконтација. Доколку патникот го менува терминот на поаѓање на истиот аранжман најмалку 15 дена пред денот на претходно потврденото поаѓање, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата. Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати без право на рефундација. Доколку патникот сака дополнително да се осигура од гореспоменатите - непредвидливи причини за отказ на аражманот, настанати во периодот од потпишување на договорот за патување до почетокот на патувањето, препорачуваме да се осигура од "ризик на откажување на договорено туристичко патување" кај Осигурителна компанија. Оваа осигурителна полиса може да се договори и уплати на продажното место, истовремено при самата уплата на аранжманот. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на "виша сила" (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

 

7. ОБВРСКИ И ПРАВА НА ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО

Организаторот е обврзан да се грижи за реализацијата на услугите и за изборот на извршителите на услугите со внимание на добар организатор, и да се грижи за интересите на патниците согласно со професионалните принципи во туризмот. Организаторот е должен да му ги овозможи на патникот сите услуги наведени за поединечниот аранжман во програмата, и одговара за евентуално неизвршување на услугите или дел од услугите. Организаторот исклучува секаква одговорност во случај на промени и неизвршување на услуги предизвикани од дејство на виша сила како и од доцнење на превозните средства, за кои превозникот не одговора според позитивните прописи и меѓународните конвенции. Организаторот на патувањето не прифаќа никаква одговорност доколку дипломатско-конзуларното претставништво го одбие издавањето на влезна виза или доцни со издавањето на визата, или ако емиграционото одделение на странска земја не одобри влез на одреден патник, ниту за било кои други последици кои проилегуваат поради евентуалната неисправност или губење на патните документи на патникот. Во овие случаи патникот сам, ги плаќа дополнителните трошоци.

8. ОБВРСКИ И ПРАВА НА ПАТНИКОТ

Патникот е обврзан да се грижи, да тој лично, неговите документи и предмети ги исполнуваат условите предвидени со граничните, царинските, здравствените и другите прописи на својата земја како и на земјата во која патува, да се придржува кон куќниот ред во угостителските и хотелските објекти, како и во превозните средства, и да соработува со представникот на организаторот и извршителите на услугите во добра намера. Во случај на непочитување на овие обврски, патникот одговара на оранизаторот за направената штета. Патниците кои свесно го нарушуваат редот во објектите односно возилото можат да бидат одстранети од аранжманот. Патникот е должен да поседува важечки пасош и да се информира кај организаторот дали за земјата во која патува (или за земјите низ кои се патува во транзит) е потребна виза, за да таа навреме се обезбеди. Патникот е должен да се информира за девизните и царинските прописи во својата земја и земјите во кои патува. Патникот е должен да ги чува и лично да одговара, за сите свои документи, парични средства и личен багаж за сето време на патувањето.

9. ПРЕВОЗ

Патникот е обврзан да се прилагоди кон превозот и неговата организацијата, во согласност со пропишаните правила и прописи. При патување со авионски превоз, да ја провери својата резервација за лет - во агенцијата, најдоцна 72 часа пред полетување. Да се јави на аеродромот и местото за "чекинг" и предавање на багаж, во вообичаеното време - час и половина пред полетување. Да се информира за правилата за патување со авионски превоз (за истите може да се обрати во агенцијата). При патување со автобуски превоз, да поседува важечка резервација на седиште и да се пријави кај преставникот на агенцијата половина час пред поаѓање на автобусот. Да го почитува редот во возилото, во взаемен интерес со другите патници и персоналот, како и безбедноста во сообраќајот. Во случај на непридржување кон сатниците на поаѓање или на попатните застанувања и одмори, како и поради евентуално задржување на граничните премини поради неисправни патни документи или царински прекршок, возилото не е обврзано да го чека истиот патник повеќе од вообичаеното време.

10. БАГАЖ

Патникот има право на бесплатен превоз на багаж, до 15 кг на чартер летовите и 20 кг на редовните авионски линии. Кај автобускиот чертер превоз, дозволен е бесплатен багаж од една патна торба (до 20 кг) по патник. За секој килограм багаж односно патна торба преку дозволеното, се плаќа во зависност од дестинацијата на патување. Деца до 2 години на авионскиот превоз и деца кои не плаќаат билет во автобусот, немаат право на бесплатен багаж. Како багаж, не се дозволува внесување на трговска стока , храна, пијалоци, лекови, наркотици, хемиски и други запаливи средства, оружје, животни, растенија, амбалажи и слични предмети. При внесување и изнесување на багажот од возилото, патникот со лично присуство одговара за истиот. За време на реализација на аранжманот за багажот се грижи самиот патник. Поради тоа препорачуваме пред патувањето да се направи полиса за Патничко осигурување со осигурување на багаж, преку Осигурителна компанија, која може да се уплати во агенцијата. Организаторот не одговара за уништениот или изгубениот багаж, како и за изгубениот багаж или драгоцености за време на престојот во хотелот (Ви препорачуваме наем на сеф на хотелската рецепција).

11. СМЕСТУВАЊЕ ВО СОБИ И АПАРТМАНИ

Доколу патникот-закупувач не договорил соба/апартман со посебни карактеристики, ќе прифати било која официјално регистрирана соба/апартман за сместување во договорениот објект, опишана во каталогот и ценовникот. Доколку е можно, организаторот ќе се обиде да одговори на дополнителните барања на патникот (комфор, ориентација на собата, кат и слично) но, не може да гарантира исполнување на таквото барање. Вообичаеното сместување во собите е од 14:00 часот, а напуштањето на собите е до 10:00 часот (доколку во куќниот ред не е поинаку назначено).

12. РЕШАВАЊЕ НА ПРИГОВОРИ

Во случај на непотполно или неквалитетно извршување на услугите, патникот има право на соодветно обештетување, исклучиво доколку приложи писмен приговор до организаторот. Секој патник - носител (потписник) на договорот има право на приговор врз основа на неизвршена договорена услуга. Организаторот нема да прима во процедура групни приговори кои ги поднесуваат повеќе носители на договори врз основа на еден приговор. Постапка за поднесување приговор: - Веднаш на самото место патникот ја рекламира неадкватната услуга кај претставникот на организаторот, а доколку истиот го нема, кај извршителот на услугите. Патникот е должен да соработува со претставникот и со извршителот на услугите во добра намера за да се одстранат причините за приговорот. Доколку патникот на самото место не го прифати понуденото решение на рекламацијата кое одговара на уплатената услуга, организаторот нема да ја уважи доплнителната рекламација на патникот и нема да одговори на истата. - Ако причината за рекламацијата не биде одстранета, патникот за тоа составува со претставникот писмена потврда (записник). - Најдоцна 8 дена по завршувањето на аранжманот, патникот поднесува писмен приговор во продажното место каде што го уплатил аранжманот, и ја приложува писмената потврда (записникот) потпишана од претставникот како и евентуалните сметки за дополнителни трошоци. Организаторот ќе ги прими во процедура само потполно документираните приговори поднесени во наведениот рок од 8 дена. - Организаторот е должен да донесе писмено решение во рок од 14 дена од приемот наприговорот во продажното место. Организаторот може да го одложи рокот на решението наприговорот заради комплетирање на информациите и проверка на наведените рекламации кај извршителот на услугите. Организаторот ќе ги решава само оние рекламации за кои во местото на одмор не можеле да бидат одстранети причините кои ги предизвикале. - Додека организаторот не донесе решение по приговорот, патникот се откажува од посредување на било кое друго лице, судска постапка или давање информации во јавните медиуми. - Највисоката надокнада по приговорот може да достигне сума до износот на рекламираниот дел од услугите, но таа не може да ги вклучува веќе искористените услуги како и севкупниот износ на аранжманот. Со ова се исклучува правото на купувачот за наплата на "идеална штета". Нарушување на постапката за решавање на приговори: Во контекст на точка 13 и пропишаната постапка за поднесување и решавање на приговор, евентуалното непридржување на купувачот-патникот кон истата, или пак нарушување на отпочнатата постапка со било каква активност спомената или не, во петата ставка од истата, дава причина за неприфаќање на истите приговори, прекинување на отпочнатата постапка и воедно поднесување на тужба пред надлежните органи од страна на организаторот, за наплата на претрпената штета и нарушениот углед во јавноста.

13. НАДЛЕЖНОСТ НА СУДОТ

Во согласност со точка 13. од овие услови, купувачот на услугите од одредна програма има право на рекламација кај организаторот на патувањето. Доколку купувачот не е задоволен со решението на организаторот, има право да побара дополнителна арбитража и мислење од страна на СКТМ или од страна на надлежниот Суд во Струмица.

Врати се горе