UNIQUE RESORT & SPA 5*

 

Hотел Unique e модерен и урбан хотел кој е сместен во срцето на градот Охрид. Локацијата на хотелот е една од поволностите што го одделува од останатите хотели во регионот. Сместен на брегот на Охридското Езеро, во близина на мостот Билјанини Извори, хотелот ви нуди природна средина. Оддалечен е на само неколку минути од центарот на градот. Луксузниот амбиент, како и уникатноста и смелоста на хотелот е нешто што веднаш ќе го забележите. Хотелот располага со 130 пространи и луксузно уредени соби, кои се уникатно опремени. Сите соби имаат балкони, ТВ, телефон, сателитски канали, сеф, клима, греење, минибар, купатила и бесплатен WiFi. Нивниот топол и модерен ентериер зрачи со пријатен амбиент за релаксирачки престој како и за дружење.

НОВОГОДИШНА ПОНУДА
 
Напомени:
  • Цените се однесуваат по лице на база полупансион.
  • Во цената е вклучен неограничен пијалок за свечената вечера на 31.12.2025
    (вода, безалкохолни пијалаци, ракија, пелинковац, џин, вотка, узо, вино во чаша, пиво).

  • Во цената е вклучена жива музика на 31.12.2025 и 01.01.2026.

  • Во цената е вклучено користење на спа центар, фитнес центар и паркинг.