КАВАЛА
(Со вклучена Новогодишна вечера)
(30.12.2025-01.01.2026)
Прв ден: 30.12.2025 година (вторник)
02:00 часот заминување на групата од Скопје и во 04:00 часот од Кавадарци (пред туристичките агенции) кон Грција со попатни застанувања и одмори. Околу пладне пристигнување во Кавала, еден од најубавите грчки градови кој покрај трите имиња – Неаполис, Христополис и Кавала многумина го нарекуваат Монте Карло. Градот наликува на амфитеатар свртен кон морето, сонцето и кон месечината и оддалеку потсетува на снегулка која скалесто се спушта кон големото пристаниште. Организиран разглед на градот со локален туристички водич, а потоа сместување на групата во хотел „Oceanis“ 3 *** (https://www.oceaniskavala.gr/) лоциран во центарот на градот. Слободно време за одмор од патувањето, индивидуални активности и прошетки низ градот кој живее во празнична еуфорија. Ноќевање.
Втор ден: 31.12.2025 година (среда)
Појадок. Слободен ден за уживање покрај море во празнична атмосфера. Плоштадот е украсен со илјадници шарени ламбички, на различни локации се организираат музички претстави и концерти, а целиот град мириса на традиционалните божиќни слатки "kourabiedes" (колачи со бадеми покриени со шеќер во прав) и "melomakarono" (колачи со ореви полиени со сируп) со кои се преполни преубавите слаткарници. Вечерта организирано заминување во таверна во градот Кавала каде ќе ја дочекаме Новата 2026 Година во весела атмосфера и музика во живо. После полноќ враќање во хотелот. Ноќевање.
Трети ден: 01.01.2026 година (четврток)
Појадок. Во договореното време одјавување од хотелот и заминување на групата кон Солун. Слободно време за индивидуални прошетки долж пристаништето во центарот на градот. Во договореното време заминување кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........209 евра (12.960 денари)
(плаќање во денарска противвредност)
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Две ноќевања со појадок во хотел „Oceanis“ 3 ***
- Организиран дочек на Новата Година во таверна во Кавала (вечера со музика во живо)
- Посета на Солун
- Организација на патувањето и туристички придружник
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Доплата за еднокреветна соба – 40 евра (за двете ноќевања)
- Пијалоци за време на Новогодишната вечера во таверната
- Туристичка такса во Кавала (се плаќа во агенцијата) – 2,50 евра по лице од вечер
- Патничко осигурување
За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници